Куманово има нови 23 заразени со коронавирусот, меѓу нив и здравствени работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Куманово ситуацијата со коронавирусот станува алармантна, откако е потврдено дека дури пола, односно 23 од денешните нови 46 случаи се од тој град и околината.

Според министерството за здравство меѓу нив и здравствени работници за кои повеќе детали ќе соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата закажана за 17 часот.

Инаку денеска едниот од починатите двајца пациенти е од Куманово. Станува збор за 70-годишен маж кој имал хипертензија и срцева слабост, но неговиот резултат на Ковид-19 не е готов.

Куманово сега достигна бројка од 85 заразени од вирусот. Можеби ова ќе биде препорака градот да биде ставен во карантин, со оглед дека надлежните од градот веќе неколку дена бараат такво нешто.