Само во Општинската изборна комисија во Шуто Оризари 400 лица не ги добила своите хонорари за локалните избори 2021 година. Станува збор за сума од околу 4 милиони денари. Во Шуто Оризари велат дека градоначалникот им рекол дека не му се приоритет. Го контактиравме и него, тој вели дека чека извештај од ОИК за колку средства точно станува збор, па да потпишат договор.
„Направивме состанок организиран од ОИК заедно со претседателите од изборните места им кажавме за финансисиката ситуација во нашата општина со колку средства располагаме во моментов и повеќето од присутните сфатија и беа согласни и реално е дека поинаку нема шанси освен на рати“, посочи Курто Дудуш.
„Да точно имавме состанок на 14-ти јануари 2022-ра година меѓутоа не потпишавме никаков договор со градоначалникот за тие 300 000 денари да бидат префрлувани секој месец. Доколку се потпишеше таков договор исплатат на ИО ќе траеше добри 14 месеци“, вели Татјана Петрушевска.
Има обвинувања од одредени членови кои сакаа да останат анонимни како општината нема пари за исплата на хонорарите за изборите, а има пари за Романобал?
„Ниту општината организирала бал, ниту јас одговорно тврдам дека такво нешто нема . Балот го организираат секоја година СРМ партијата на покојниот Амди Бајрам и некои приватни лица“, додава Курто Дудуш.
За исплата за повеќечасовната работа за време на изборите чекаат околу 20 општини. Едни од нив се и Делчево и Тетово.
„До сега нема исплата на членови на ОИК, вкупно имаме 117 ИО, еден избирачки одбор има 10 членови значи 1 170 лица ангажирани во првиот и вториот круг на лоалните избори по пресметката на Оик според правилникот на ДИК, нас ни се потребни 12 300 000 денари“, вели Назми Даути.
„Во општина Делчево има вкупно 36 ИМ, во самиот изборен процес учествуваат преку 370 членови ба ИО вклучувајќи ги и членовите на ОИК која брои 12 члена до денес се уште не се исплатени надоместоците по основ учетсво во смаиот избпрен процес“, посочи Борче Иванов.
Долгот на оние општини кон членовите на Оик и ИО по основ учество во изборен процес ќе го покрие Министество за финансии, но само кај оние општини кои се блокирани.
