Директорот на топланата „Скопје Север“, Куштрим Рамадани во емисијата „10 минути“ на ТВ21, рече дека за оваа топлана гас обезбедиле до 31 декември годинава, но сумата мора да се плаќа на добавувачот секој месец.
Рамадани рече дека главниот проблем во ова претпријатие е финансискиот, бидејќи во моментов цената на гасот на светските и европските берзи се откупува по околу 130 денари за м3, но Регулаторната комисија одлучила домаќинството да плаќа 68 денари за м3, што испаѓа двојно поевтино отколку да се купи.
„Причината за поскапувањето на гасот на светската берза, особено во Европа. Обезбедивме количества гас до 31 декември 2022 година. Врз основа на договорот, секој месец треба да му плаќаме на добавувачот“, вели Рамадани.
„Ние сме компанија која учествува на регулираниот пазар, што значи дека Регулаторната комисија за енергетика ги одредува цените на парното. Овие цени се поставени врз основа на трошоците направени од компанијата. Учеството на потрошувачката на гас учествува со околу 93 отсто од трошоците. Ако плаќаме по сегашните цени, тоа е некаде околу 130 денари за метар кубен и Комисијата ни одредува цена од 68 денари за метар кубен, тоа значи дека купуваме двојно поскап гас и го продаваме двојно поевтино“ рече Рамадани.