Царството Бугарија како слеп следбеник на политиката на Хитлер, ја подигнало на ниво на законодавството целата правна легислатива за конечно и крајно фатално решавање на еврејското прашање во Македонија, вели Скендер Асани. Ова се овозможило со т.н Закон за заштита на нацијата.
Но, не сите во Царска Бугарија размислувале исто- објаснува проф.д-р Владо Поповски во тријазичното дело „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“ заедно со авторите Скендер Асани и Нора Малиќи Зулали. Поповски потсети на ставот на една важна личност, софискиот митрополит:
„Беше еден од најголемите противници од јавноста за еден таков закон, како што беше законот за заштита на нацијата, којшто прачно изврши не смо економски грабеж и социјално деградирање, туку нанесе како што опозицијата го дефинираше срам на нацијата што тешко ќе биде заборавен низ историјата“, истакна Владо Поповски.
Институтот за културно и духовно наследство на Албанците преку ваквите дела има за цел да го консолидира критичкото и научно мислење за сложените процеси истакна авторот Скендер Асани:
„Базичното антисемистко законодавство на Царството Бугарија е унилкатно дело од ваков карактер во нашиот регион и пошироко бидејќи за првпат се занимава со подробна интеерпретација на законодавството на одредена земја. Во слчучајот Царството Бугарија како прекршител на Нинбершките закони кој има општ карактер да ги санкционира сторителите на злостроствата за време на втрата светска војна“, вели Скендер Асани.
Насилно изведени од своите домови македонските Евреи, пренесени во скопскиот монопол, со крајна дестинација Треблинка.
„Сето тоа можеби и немаше да се случи доколку претходно не беа донесени одредени закони со антисемитска содржина од страна на Царството Бугарија, за на крај сосема легално нашите сограѓани, роднини, 7144 Евреи бидат депортирани на 22, 25, 29 март 1943 година“, посочи Весна Суша.
Институтот за културно наследство на Албанците во Македонија работеше две години на подготовка на монографијата „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“ со која се симнува превезот за тоа што точно им се случувало на Евреите.
