Високи тротоари. Згради без пристапни рампи. Нервозни граѓани кои немаат трпение за своите сограѓани. Држава, институции, локални и централни, кои прават саморекламирање, а во реалноста ништо или малку се подобрува.
„Триумфална порта. Симбол за успеси во една држава. На само пет метри од нејзе, пак срам за нешто што треба да се наречкува организирано општество.“, вели Горан Теменугов, новинар на ТВ21.
Во срцето на главниот град, лицата со телесен инвалидитет не можат да се движат. Причина, уништена и неприлагодена инфраструктура. Болно и надвор од здрав разум е да се зборува во третата деценија од 21 век дека наши сограѓани не можат да завршат основна работа, како што е слободно и безбедно движење.
„Ние би сакале да живееме тотално рамноправно како и сите бидејќи го поседуваме тој потенцијал…“.
„Полицијата да си ја врши работата и да ги брка, тие што непрописно паркира на нашето место и да не дозволува да се паркират и да ни ги фаќаат паркинзите…

Секоја приказна на лицата со телесна попреченост е како планина тешка. Но, тежок е патот и на нивните семејства кои за да им овозможат барем минимална мобилност, мора да се откажуваат од многу работи.
„Мора еден родител да не работи и мора да се жртвува ако другиот родител работи… “
„Сега што е најважно поддршка асистент што ни треба, да ни доделат помош и на нас родителите ни треба асистент. Меѓутоа немаме до сега асистент.“

Патот на мајката бил тежок. Пет години на раце го изнесувала своето дете бидејќи живееле во зграда. Потоа го продале станот и изградиле куќа приспособена на потребите на детето.
Додека се чека државата да си ја заврши работата, барем еден политичар дојде на маршот.
„Се додека не почнеме да казнуваме, ќе постои оваа дупка. Кога ќе почнеме да го правиме сите заеднички, оваа дупка повеќе нема да биде бариера и за нас, бидејќи и ние ќе се сопнеме еден ден на оваа дупка“, рече Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика.

По усогласување на сите закони по што ќе има сериозни казни за институциите кои не дејствуваат за да ги овозможат законските одредби за мобилност
Во меѓувреме, се разгледуваат сите опции за дополнителен притисок врз институциите.
„Апсолутно дека како организација не се откажуваме, дека и понатаму ќе притискаме. Какви форми и методи на делување ќе примениме тоа останува да донесе Управниот одбор на организацијата.“, рече Бранимир Јовановски, претседател на „Мобилност“.
Според пресметките на меѓународните здравствени организации, просечно во државите околу 10 до 15 отсто од населението се лица со телесен инвалидитет, што значи дека во Македонија оваа бројка би била од 200 до 300 илјади.
