Едниот од српската, а другиот од македонската страна. Двајцата министри за транспорт и врски, Благој Бочварски и Томислав Момировиќ го посетија Граничниот премин „Табановце“ за на српските државни да им ги поделат М-картичките со кои македонските патарини ќе можат да ги поминуваат бесплатно. Бочварски ѝ се заблагодари на соседна Србија за донираните вакцини, додавајќи дека Македонија има добри билатерали односи со Србија, кои пак, ќе бидат издигнати на уште повисоко ниво со регионални проекти.
Бочварски рече дека досега МВР поделило над 41.000 картички, додавајќи дека мерката се спроведува од 15 јуни, а ќе трае до 15 август. И српскиот министер Момировиќ, рече дека заедничките мерки и одлуки само ги потврдуваат пријателските односи меѓу двете земји.
-Република Србија им дава голема важност на односите со Северна Македонија. Драго ми е што сме сведоци на ренесанса на односите меѓу земјите од регионот, како меѓу народите, така и меѓу нас политичарите. Нѐ поврзува иста историја и длабоки корени меѓу нашите народи-рече Томислав Момировиќ.
Ослободувањето на српските државјани од плаќање патарина, доаѓа како знак на благодарност за над 8 илјади вакцини што српските власти ги донираа на нашата земја и за вакцинирањето во Србија на повеќе од 15 илјади наши граѓани.
