Одгледувањето на Канабис за медицински цели добива на сила. Дури ниту строго контролираните услови не ги спречуваат инвеститорите. Причината е енормно големиот профит. Во државата веќе постојат и фирми кои посредуваат во обезбедување на сите документи за идните инвеститори. Лилјана Ќурчиева сопственик на Консалтинг за потребите на медицински канабис, сведочи дека бројот на инвеститори на пазарот со канабис за медицински цели е се поголем.
„Цел Балкан се “тепа “за педа земја овдека да го посади медицинскиот канабис. Сите се заинтересирани и од странство и од овде …Лиценците не се добиваат лесно, нити се добиваат со многу пари, се добиваат бесплатно.“, вели Ќурчиева.
Колку чини дозвола за производство на медицински канабис?
„Морам да демантирам некои муабети дека дозвола за медицински канабис коштала од 65000 до 300000 евра, тоа не е вистина. Има луѓе што го прават и тоа … Од 65 000 до 300 000 евра луѓе им наплаќале за да дојдат да садат тука медицински канабис…“, вели Ќурчиева.
Ќурчиева е на иста линија со премиерот Зоран Заев. Тој вчера кажа дека со заработка од околу 250 милиони евра од производство на канабис за медицински цели државата би можела да профитира.
Сопственичката на Консалтинг вели, дека лично познава лица кои имаат вложено над 22 милиони евра во садење на медицински канабис но имаат проблем со продажба на цветот. Непоседувањето на дозвола за извоз на цветот од Канабисот и непостоењето на стандарди е пречката поради која досега цветот од канабисот скапувал а другите делови од растението според Ќурчиева се купуваат за мали суми и извезуваат со контејнери во Косово. Граѓаните негодуваат околу идејата за легализација на марихуаната.
„Наше мислење е дека е штетна и дека не треба да се легализира
„Не е само да се дозволи, од кај ќе ја набавуваат кој ќе им ја дава , дали во кафеаните ќе им се дава, дали сам можеш да ја произведуваш? Легализација значи можеш и дома сам во саксија да си имаш и да си ја користиш. Не се доречени , вака е многу избрзано.
Премиерот Заев пак смета дека со идејата за легализација на канабисот сме понапред дури и од СЗО и истиот може да го користиме како акцелератор во дејностите кои не се доволно развиени.
