Македонија воведува серолошки тестови на коронавирус – набавката направена, ќе може да се открие дали сте го имале вирусот, а сте немале симптоми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Набавени се 16.000 серолошки тестови на коронавирус во Македонија. Вакви тестови за прв пат ќе започнат да се прават во нашата држава, а треба да помогнат во откривање и поголема ефикасност на државата при детекција на инфицираните индивидуи, дознава ТВ21.

Исто така овие тестови ќе овозможат и откривање на лица кои веќе ја поминале болеста, а немале симптоми на коронавирус.

Од каде е набавката, колку вреди, зошто е спроведена по итна постапка без објавување на оглас и кој е квалитетот на тестовите донесуваме во вестите во 18.30 на албански и 19.30 на македонски јазик.