Американската Агенција за одбранбена соработка на САД одобрила можна продажба на американски борбени возила „Страјкер“ и дополнителна опрема за македонската армија, дознава ТВ21.
За таа цел владата ќе идзвои 210 милиони долари. Агенцијата за ова го информирала и американскиот Конгрес, кој треба да даде конечен одговор.
Македонија од американската администрација побарала набавка од 54 борбени возола „Страјкер“, и тоа во три верзии М1126 за превоз на пешадија, командно возило М1130 и возила на кои е монтиран минофрлач со верзија М1129.
За овие возила е предвидена и набавка на дополнителна опрема – митралези калибар 12,7 мм, фрлачи на димни бомби М6, радио уреди, борбени станици управувани од далечина. ГПС приемници, термовизија за возачи, резервни делови, алат, опрема за испитување и технички прирачници.
Исто така би требало и американски претставници да допатуваат во нашата земја, за да се запознаат со логистичките можности за приемот на возилата и изборот на посада. Тоа треба да се случи во следната година.
ТВ21 побара став и од министерството за одбрана, но до овој момент не добивме.
