Македонската амбасада во Абу Даби разгледува евакуација на државјани од ОАЕ преку Оман

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадата на Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби информира дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на македонските државјани кои во моментов се затекнати во Обединети Арапски Емирати, преку копнен премин кон Султанат на Оман.

Од Амбасадата посочуваат дека ограничен број летови успеале да ја напуштат територијата на ОАЕ преку аеродромите во Абу Даби и Дубаи, кои во изминатиот период беа цел на напади од Иран. Со овие летови биле евакуирани исклучиво патници што се нашле во транзитните зони на аеродромите во моментот на ескалацијата.

Дипломатско-конзуларното претставништво нагласува дека е во континуирана комуникација со надлежните власти на ОАЕ, со цел да се разгледа можноста за организирање дополнителни евакуациски летови, веднаш штом биде потврдено дека воздушниот простор е безбеден за сообраќај.

Амбасадата ги повикува сите заинтересирани македонски државјани да се пријават во ДКП Абу Даби. На располагање е дежурен мобилен број +971 56 441 7532, како и електронската адреса abudabi@mfa.gov.mk.