Максути: Не би рекол дека немаме кадар, можеме да се пофалиме дека дел од нашите пилоти се и инструктори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека не би рекол дека немаат кадар.

„Не би рекол дека немаме кадар, ние имаме ангажман и на пилоти и на техничари, која што обука добро се плаќа. Во овој дел можеме да се пофалиме дека имаме кадар, дури дел од нашите пилоти се инструктори, што би било полесно доколку еден од тие 3 авиони е двоседен и да го искористевме за обуката тука да ја изведевме, а да не плаќаме средства на други земји, но тоа е отворена дебата која е згрешена пред 11 години кога се набавени“, посочи Максути.