Можеби не сте ја ни забележале оваа мала стрелка на таблата со инструменти, а нејзината функција е многу важна.
Многу возачи не го знаат значењето на малата стрелка што се наоѓа во речиси секој автомобил на контролната табла во близина на индикаторот за нивото на гориво на возилото. Тоа е малиот, неозначен триаголник кој обично се наоѓа веднаш до иконата за гориво и може да покажува десно или лево.
Стрелката е особено корисна кога сме зад воланот на изнајмено возило и треба да наполниме гориво, а покажува на која страна од автомобилот се наоѓа вратата на резервоарот, пишува Метрополитен
Со помош на оваа функција на наједноставен начин можеме да дознаеме каде да го паркираме возилото за што полесно да се наполни гориво.
Интересно е што сè уште нема генерален договор меѓу производителите на автомобили на која страна од автомобилот треба да се наоѓа вратата на резервоарот.
Оваа стрелка за прв пат беше претставена во автомобилите Ford Escort и Mercury Tracer во 1989 година, а на крајот беше копирана од сите други производители на автомобили, иако нема прописи што го бараат тоа, пренесува City Magazine.