Иако номиниран во две категории, македонскиот документарен филм „Медена земја“ и прекрасната Хатиџе Муратова не успеаа да земат „Оскар“, но за нашата држава тие веќе беа победници.
Филмот има приказна за Хатиџе, односно, жена-одгледувач на диви пчели во Македонија која живее сама со својата мајка.
„Медена земја“ се впиша во фимската историја како прв документарец од Македонија кој бил номиниран во две категории.
Ова е наше трето остварување номинирано за „Оскар“.
Први беа „Дае“ на Столе Попов и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Оскар 2020 – гламурот на црвениот килим
- ВИДЕО: Ѕвездата на „Медена земја“ дава интервју на црвениот килим
- ФОТО: Без коментар…
- ВИДЕО: Екипата на „Медена земја“ зачекори по црвениот тепих
- Ѕвездата на „Медена земја“ – 2016 vs 2020
