Меџити: Етничката припадност се утврдува преку лична карта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изет Меџити од ВЛЕН вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека етничката припадност се утврдува преку лична карта.

Како што вели, недостатокот кај Балансерот бил во доброволната изјава што се дава во моментот.

Меџити: Сега е воведено идентификацискиот документ да биде еден од начините за утврдување на етничката припадност на лицето.

ТВ21: Како ќе се идентификува?

Меџити: Со лична карта.

ТВ21: Каде во личната карта пишува етничката припадност?

Меџити: Ја имаш на два јазика како Албанец. Ја имаш и на македонски и на албански. Македонецот ја има само на македонски.

ТВ21: Преку личната карта ќе се утврдува?

Меџити: Да, како документ, и личната карта е еден од начините.

ТВ21: Но можеби има Албанци кои имаат лична карта само на еден јазик, на македонски?

Меџити: Ќе најдеме и такви случаи, може да има и некој Македонец што ќе земе лична карта на два јазика, но тогаш ќе се смета како Албанец.