Меѓународен ден на децата на улица – поради невработеност, ги принудуваат децата да просат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алмедина Добовиќ, мајка на 8 деца, ја раскажа својата животна приказна дека од мала возраст проси. Вели дека родителите не и дозволиле да се школува туку да проси пари за нејзиниот болен татко.

За децата кои се на улица и кои бараат пари, вели дека во ваква ситуација се поради немањето услови во семејството, дури додава дека откако започнала со работа пред 6 месеци, не излегла да проси а ниту на децата не им дозволува да го прават тоа.

Државната советничка од канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, вели дека иако преземаат мерки за децата кои се на улица, со усвојување на протоколи за надминување на овој проблем, сепак бројот на овие деца е голем.

Освен тоа, Бајрамовска вели дека има деца кои живеат во ужасни услови без електрична енергија и без услови за нормално растење.

Инаку денеска е Меѓународен ден на децата на улица и по тој повод беше организиран настан во Дневниот центар за децата во ризик во Шуто Оризаре во рамки на проектот на ЕУ Зајакнување на основните права и проширено спроведување на алтернативните мерки, со финансиска поддршка од ЕУ.