„Минатата сезона тешка за угостителите во Струга“ – Претрпеле големи загуби, годинава се надеваат на подобро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатата година беше многу тешка за струшките и охридските угостители и поради ковид пандемијата овие туристички места беа многу малку посетени за разлика од претходните летни сезони.  Имаше и хотели кои претрпеле големи загуби и едвај ги покриле трошоците. И покрај тоа што имале само малку работа се труделе да ги задржат работниците.

„За еден месец на кој работевме, нормално не можевме да ги покриеме сите трошоци кои ги имавме за време на пандемијата. Имаше тешкотии и и понатаму има тешкотии општо во врска со приходите на хотелот“, истакна Висар Лумани.

Ана Јанчева изјави дека мината година била трагична и за граѓаните така и за бизнисите од нашата земја.

Додека се доближува летната туристичка сезона, Висар Лумани, вели дека очекуваат годинава да биде по добра и дека се оптимисти дека работите ќе се сменат кон подобро.

„Годинава очекуваме нешто подобро, оптимисти сме за да почнеме од нормална состојба. Не очекуваме како минатите години странски туристи, туку очекуваме нешто позитивно“, додаде Висар Лумани.

Велат дека аплицирале за добивање на гости со ваучер, но 1 200 ваучери колку што се најавени за годинава се малку за закрепнување на економијата на нашата земја.