Министерството за здравство се извини на ТВ21 – „Медицинскиот факултет набави серолошки тестови, ќе пристигнат следната недела“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство утрово се извини на редакцијата на ТВ21 за вчера испратениот демант во врска со објавениот прилог дека Факултетот за медицина набави 16.000 серолошки тестови.

https://mk.tv21.tv/seroloshki-testovi-za-kovid-19-vo-makedonija-ke-mozhe-da-se-otkrie-dali-ste-go-imale-virusot-a-ste-nemale-simptomi/

Од МЗ велат дека нашите прашања им пристигнале во „junk“, а телефонските повици не се реализирале поради забуна во телефонските броеви.

https://mk.tv21.tv/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-odgovara-na-novinarski-prashana-no-ekspresno-ispraka-demanti/

„Навистина не е коректно од наша страна да праќаме деманти, кога подобро и полесно е да одговориме на новинарското прашање кога во моментов се трудиме и ги одговараме сите пристигнати прашања во најбрз временски рок. Се извинувам за овој пропуст“, стои во одговорот на Министерството за здравство кој утрово пристигна до редакцијата на ТВ21.

Како што веќе објави ТВ21, Факултетот за медицина набавува 16.000 серолошки тестови кои треба да пристигнат следната недела од производителот „Snibe“, а ги набавува економскиот оператор „Веста дрогерија“.

Од здравство потенцираат дека Институтот за јавно здравје користи искучиво PCR тестови и располага со доволна количина на тестови за детекција на САРС-КоВ-2 за тестирање на населението.

Од следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус во нашата земја. Направен е план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории и истиот ќе се прави со ПСР тестови, односно со земање на брис.