Мицкоски: Денеска во Македонија корупцијата е најголема во регионот, се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната средба со занаетчиите одговарајќи на новинарско прашање кога очекува да започне седницата за интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието за Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ и Никола Димитров, рече дека
според најавите се очекува утре да биде ставена на дневен ред интерпелацијата за Димитров, додека за интерпелација на Николовски и Маричиќ како што рече тој се надева дека ќе се охрабрат во најскоро време.

„Димитров, интерпелацијата е ставена на дневниот ред или барем такво ветување има, дека утре ќе биде на дневен ред.. Што се однесува до овие двајца министри за неправда и корупција се надевам дека во најскоро време ќе биде ставена на дневен ред точката, ќе се охрабрат, за да може да ги аргументираат постојните позиции пред пратениците во рамките на Парламентот, бидејќи ние можеби нешто не знаеме што тие знаат, или можеби ние не гледаме нешто што тие
гледаат.

Но, она што е јасно е дека Македонија е на 111-то место на листата на
Транспаренси Интернешнл која што го мери нивото на перцепција на корупција во една држава, според дефинирана методологија и ги опфаќа параметрите кои што се случиле во последните две години. Според последните две години, перцепцијата за нивото на корупција во Македонија е убедливо најголема во регионот. Убедливо
најголема во регионот.

Во времето на т.н. режим бевме 45 места подобро пласирани од денеска односно 65-тото, 66-то место во 2015-тата година. За жал, се срамам денеска што сум дел од сето ова политичко мочуриште и морам вака да зборувам, во животот секогаш сум се борел да бидам и сум се трудел да бидам прв, но за жал денеска се трудам да не бидам последен бидејќи оваа неспособна влада не отера на тоа место.

Ние сме денеска најкорумпираната држава на Балканот. Подобро од нас се пласирани Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, сите држави во регионот. Македонија е најкорумпираната држава. Овие луѓе наместо да ги пишуваат оставките, наместо веднаш да ги напишат оставките, тие уште ги гледаме како се перчат пред медиумите и како повторно се обидуваат да ја префрлат нивната коруптивност на некои минати времиња пред 10 или 15 години кога за
нивна жал државата била во првите 65 во светот,кажа Мицкоски