Мицкоски: Не му се извинив на Села за 27-ми април, но му кажав дека жалам за тоа што се случи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По интервјуто на Арбен Таравари во ТВ21, кој рече дека Мицкоски му се извинил на Зијадин Села за 27-ми април, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“ рече дека не е точно дека му се извинил на лидерот на Алијанса за Албанците.

„Не му се извинив на Зијадин Села за 27-ми април. За да се извините, за нешто треба да сте виновен. А, јас не сметам дека сум виновен за тоа. Но, му реков дека жалам за тоа што се случи“, изјави Мицкоски кој рече дека официјално нема договор за коалиција на опозициските партии од македонска и од албанска страна.

Целата изјава низ видео: