Градоначалникот на општина Чаир, директорот на Агенцијата за млади и спорт, претставници на организации присуствуваа пред младинскиот центар во Чаир за да ја пречекаат амбасадорката на САД, Кејт Брнс. Рече дека за овие 7 месеци во Македонија е импресионирана од талентот на младите.
„Има многу млади со позитивна визија за иднината. Се трудат нивниот глас да се слушне и да направат измени. Една од целите на амбасадата е да ги промовира способностите и самодовербата на младите за да се слушне нивниот глас“, истакна Кејт Брнс.
Младинскиот центар е полн со повозрасни луѓе а мал е бројот на младите. Во врска со тоа, претставникот на младинскиот центар Бурим Љатифи рече дека проектот првично се однесува на обука на спортски тренери.
„Реално денеска имаше обука за тренерите, односно спортските работници и професори по спорт кои нормално треба да се обучат да се вратат во основните и средни училишта. Нивен таргет е да работат со младите“, истакна Бурим Љатифи.
Една од учесничките во проектот рече дека младите треба да се учат да бидат лидери.
Директорот на Агенцијата Дарко Каевски за сите заедници во Чаир најави отворање младински центри кои ќе ја апромовираат мултиетничката култура во земјава.
Инаку Младинскиот центар во Чаир е отворен во септември минатата година со цел ангажирање на младите и можност за отворање просторија каде што тие ќе можат да разменуваат искуства.
