-Јашар Беј Шкупи не би се гордеел со состојбата во која се наоѓа неговиот дом. Оваа куќа служи како музеј т.н. Музеј на слободата, но еве во ваква состојба е…-вели репортерот на ТВ21.
Внатре на ѕидовите закачени се фотографии од паднатите борци на албанската нација.
Тука е и црвено-црното знаме на Ила Болетини. Но, знамето поставено на влезот е паднато речиси на земја. Музејот на слобода во Скопје е обраснат со трева, бидејќи нема кој да се грижи за него. Пред секој изборен циклус, партиските функционери доаѓаат и се фалат со музејот, но веднаш по изборите, останува во заборав…
Стапивме во контакт со општина Чаир, која е надлежна за одржување на музејот. Од таму ни одговорија дека музејот не е запоставен и дека се работи во насока на негова институционализација.
-Се водат сериозни разговори со раководството на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Северна Македонија – надлежностите за управување да му се пренесат на Одделот за музеологија во рамките на Институтот-велат од општината.
Музејот беше отворен во 2012 година по повод 100-годишнината од независноста на Албанија.
