На децата со аутизам им е тешко во изолација – 10-годишниот Арти е пораздвижен и повеќе време минува со телефонот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изолацијата дома тешко им паѓа на децата со аутизам. Арт Хоџа тешко ги извршува рутинските активности, како миење раце, јадење оброк и сето ова го прави емотивно повознемирен.

„Најголем проблем е што тие се принудени сега да работат по рутинска шема. Овие деца, како што вели народот, живеат без ред. Терапијата за тоа е многу тешка, што повеќе да внимаваат родителите на рутинското однесување. На пример, јадењето оброк, миењето раце, очи наутро итн.“, вели Бујар Хоџа.

Ваквата состојба, како што кажува Бујар Хоџа, таткото на Арти го прави детето зависно од технологијата.

„Во тој случај се обидуваме да се мобилизираме ида не мудозволуваме. Психолошки влијаеме да не прави такво нешто, или со користење алтернативни методи, како мобилните, компјутерите на “тач“ со кои може да манипулира. Тој има визуелни способности кои се многу развиени и е во состојба да влезе на јутјуб, да најде филмови и нон-стоп да гледа“, додава Хоџа.

Освен бихевиористичката терапија, Арти посетува и часови по логопедија. Недостигот од средбите со логопед многу му ја отежна состојбата на Арти, објаснува Бујар.

„Имаме и логопед, Мухарем Смаили, кој доаѓа редовно дома и го носи на училиште. Но во оваа состојба не може да доаѓа ни тој“, истакна Хоџа.

Целата оваа состојба се чини му го ослабе имунитетот на Арти. А сето тоа поради недостиг од физички вежби кои на лицата со аутизам им се многу потребни. Арти не оди во училиште ниту на терапија поради состојбата со изолација како мерка за спречување на коронавирусот.