„На Инфективната клиника во Скопје се примени пет нови пациенти, и во моментов се 54 хоспитализирани пациенти, додека на респиратор се пет лица“, информираше Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Во болницата „8-ми Септември“ се примени вкупно седум нови пациенти, од кои на респитарот се седум лица, од вкупно 37 кои се лекуваат во таа болница.
Филипче истакна дека состојбата во болниците во Битола и во Штип останува иста, односно нема никакви промени од минатите денови.
