На повидок договор помеѓу матичарите и Влада – некои од нив штрајкуваат, некои прават кривично дело?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од вработените во матичните служби  втора недела штрајкуваат за повисоки плати. Но, дел или како што велат од синдикатот, оние кои не се во редовен работен однос, работат.

„Јас јавно кажувам дека се додека работникот не добие редовен работен однос прави кривично дело. Затоа апелирам до колегите да не подлегнуваат на притисоци дека можат да работат, нашиот правен тим кажа дека таквата категорија на вработени немаат право да потпишуваат акти, бидејќи се строго доверливи и класифицирани документи“, посочи Марјан Ристески .

Граѓаните со различни искуства, некои  можат да извадат изводи најчесто ако аплицирале електронски, некои ги враќаат. Но, како што информираа матичарите за итни случаи работат.

„Ми дадоа бројче, чекам да излезе бројот и да појдам на шалтер да пријавам. За да го внесат во матична книга на починати“. 

„Ќе завршам сега така ми рекоа. Работат зедовме број чекаме“.

„Знаете дека штрајкуваат матичните служби, за кого ви е изводот за вас или за дете? За дете. Новороденче? Да“.

„Јас чекам за извод, под Центар припаѓам и ми рекоа сега во Кисела Вода треба да одам, таму да се уплаќа се чекало неколку дена, овде не може да се извади“.

Ристески информира дека во петокот имале средба со претставник од Министерство за информатичко општество и дека се договориле утре да го потпишат колективниот договор, кој првично предвидува поголеми плати согласно Законот за минимална плата и скалесто покачување на останатите.