На седница на Влада е утврден текстот на  Предлог Законот за правда за децата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Основна цел на законот чиј предлагач е Министерството за правда е остварување на најдобриот интерес на детето .Со него се врши  усогласување со  директивите на ЕУ што се однесуваат на процедурална заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка и за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал;Се овозможува воедначување на системот на правна помош спрема дете во сите одредби   на Предлог на Законот;Зајакнување на заштитата на децата жртви и сведоци во кривичната постапка; Внесување процедурални одредби во однос на текот на судската постапка спрема дете и главниот претрес;Зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво на локално и централно ниво, како и институционално, материјално и функционално зајакнување на Државниот совет за превенција на детското престапништво.

Основна карактеристика на Законот за правда за децата е воведувањето и уредувањето на ресторативна правда односно вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок

Значајна новина со овој закон е уредување на правото на обештетување на дете жртва. Согласно став 1 од член 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, се издвојуваат средства во рамките на буџетот на Министерството за правда. Министерот за правда, по претходно прибавено мислење од Државниот совет за превенција на детско престапништво, донесува годишна програма со која ги планира изворите и начинот на трошење на средствата.