„На Села и Гаши сакав да им понудам соработка“ – „Заев не се израдува на победата од ДУИ“, рече Ахмети во „Click Plus“ на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Села и Гаши сакав да им понудам да станат дел од идната Влада, но тие не се појавија на состанокот кој јас го организирав, рече вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој зборуваше и за партнерството со СДСМ и дека истото треба да продолжи, потенцирајќи дека на победата на ДУИ не се израдувал лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Читај исто така:

Во прислушуваните разговори кои беа објавувани за време на изборната кампања, Ахмети додаде и дека Заев се извинил за моментот кога ги нарекува Албанците дека не вредат ниту пет пари. Во однос на новиот владин состав, Ахмети вели дека нема несогласувања во ДУИ, а дека идејата за премиер Албанец ќе стане реалност иако никој не верувал во тоа.