Ахмети имал понуда за Села и Гаши, но тие не се појавија на заедничката маса која ја организираше по повод 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21.
„Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок“, рече лидерот на интегративците.
На средината од месец агуст, Ахмети организираше заедничка маса на која беа поканети лидерите на останатите партии од албанскиот блок, за како што рече Ахмети да им се заблагодари за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и да ги слушане и нивните предлози.
Читај исто така:
- АХМЕТИ: ЗАЕВ СЕ ИЗВИНИ ЗА ТОА ШТО ГИ НАРЕЧЕ АЛБАНЦИТЕ ДЕКА НЕ ВРЕДАТ 5 ПАРИ
- АХМЕТИ: ПАРТНЕРСТВОТО СО СДСМ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ, ЗАЕДНО СМЕ НАПРАВИЛЕ ДОСТА РАБОТИ
- АХМЕТИ: СИГУРНО ДЕКА ЗАЕВ НЕ СЕ ИЗРАДУВА СО ПОБЕДАТА НА ДУИ
Откако не се појави ниту еден од лидерите, тој им порача дека во куќа се влегува преку врата, а не преку прозорец.
