Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, вечерва во ТВ21 покажа порака која му стигнала во моментов кога гостуваше на дебатниот магазин „Клик Плус“.
„Еве, во моментов ми стигна порака за пожар во Тетово и дека е реагирано и дека истиот е изгаснат. Така што јас во реално време добивам информации за случувањата и сум многу задоволен поради тоа што јас во секој момент сум запознаен и ако има потреба можеме веднаш да реагираме“, кажа Ангелов.
