На здравствениот систем му треба брза помош – премиерот ги видел проблемите додека член од фамилијата се лекувал од рак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Термин за мамографија во Скопје нема во следните три месеци. Премиерот Димитар Ковачевски за прв пат со критики кон здравствениот систем. Порача дека имаме врвни лекари и опрема, но системот треба да се промени.

„Знаете, низ тоа лично искуство, ќе сфатите неколку работи. Меѓутоа знаете низ тие лични искуства ќе сфатите неколку работи, дека прво тие кои се задолжени за упраување со системот треба да работат на унапредување на системот и негово зголемување на ефикасноста и перформансите, но научив и друга работа, а тоа дека ние во државата имаме врвни доктори кои се навистина на ниво на Австрија, САД… Второ дека имаме опрема која е на врвно ниво, навистина софистицирана опрема и ова го кажувам од лично искуство. На нас ни фали воспоставување систем кој ќе работи за граѓаните и пружање услуги“, вели Димитар Ковачевски.

Проблемот со термините е децениски, а нови најави за решение дури после Нова година.

„Промовирам рационализација и регионализација на услуги. Со тек на време, тоа е последица една деценија можеби во која нерационално се инвестираше во и во опрема и во распределба на здравствените услуги. Затоа денеска пациенти од внатрешноста патуваат до Скопје за да добијат една здравствена услуга. Таа приказна ќе ја имаме до крајот на годината, од јануари веќе нема да разговараме дали мамограф има во Неготино, дали ќе се снима во Струга, дали ќе може да добијат услуга во Штип итн.“, вели Беким Сали.

Министерот додава дека повремено има дефекти на застарена опрема, која ако што вели „за жал заради истрајноста не може да се сервисира навремено и тие периоди, гапови од два-три месеци за сервисирање ја пореметува листата на пациенти“. Дека системот не чини, почуствувал и премиерот.

„Системот треба да функционира, да пружа најбрза услуга. И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и исто така сме поминувале низ процес на чекање, снимање итн.“, додаде Ковачевски

Денсека Болницата 8-ми септември доби две томографски магнетни резонанци и ултразвучен апарат преку Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, со кредитна поддршка од Италија.