Над илјада украински бегалци во Македонија, оставени без здравствена заштита, работа, образование…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјално пријавени во институции околу 300, а неофицијално 1000 украински бегалци престојуваат во Македонија. Заминале со една торба в рака, па сега секоја донација за нив е добредојдена. Но, тоа не е единствен проблем, некои немаат покрив на глава.

-Тие лица се соочуват со низа проблеми: сместување, недоволните средства коишто ги имаат на располагање и затоа бевме принудени да ја организираме ова акција преку која се пристапи кон собирање на оние средства коишто им беа најпотребни, храна, облека витамини, суплементи и средства за хигиена-вели Јован Андоновски, заменик-народен правобранител.

Не може да се предвиди уште колку долго ќе трае војната, а со тоа и кризата. А овие лица кои се на работ на егзистенција не можат да живеат само од донации, потребно им е вработување за да можат да егзистираат. Но, овде не можат да го остварат тоа право.  И покрај барањето на украинската амбасада од пред 3-4 месеци  се уште нема одлука на Влада, а немаат и билатерален договор двете земји за такво нешто.Ниту пак добивме одговор до сега зошто .

-Со статусот кој го имаат кај нас лицата немаат моќност да додјат до вработување и не можат да оставруваат свои приходи. Децата не можат да бидат примени во градинка и во училиште, со што им се скратуваат основните права на образование и едукација и згрижување-вели Андоновски.

Овие лица немаат ниту социјални, ниту здравствена заштита. Па, со парите кои ги немаат треба да се лекуваат приватно. Со почетокот на туристичката сезона има најави дека бројот на бегалци во земјава ќе расте. Во соседна Бугарија има 97 илјади бегалци од Украина кои се сместени во хотелите на приморјето, а веќе е побарано од нив до први јуни да ги напуштат поради почетокот на туристичката сезона.