Задолжително носење на маски на отворено, забрането групирање на јавен простор повеќе од четири лица, во еден стан или куќа не може да примате повеќе од четири гости, а се забрануваат и поголеми семејни собирања и прослави.
Ова се новите рестриктивни мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ќе треба Владата да ги усвои. За маски на отворено исклучок ќе бидат децата до шест години, оние кои што спортуваат и секако додека седите во угостителски објект.
Сето ова се прави поради наглото зголемување на бројот на заразени лица од Ковид 19. Само во последните 24 часа регистрирани се 364 новозаболени што претставува најголема бројка од појавата на епидемијата со коронавирусот во Македонија.
Вчера имавме 317 новозаразени. Во последната недела како што информираше Министерството за здравство има зголемување од 35 отсто на нови случаи со Ковид 19.
