Најмалку 10 жртви, 400 повредени – експлозијата се почувствувала на 240 километри од Бејрут

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 400 лици се повредени и пренесени во најблиските болници, по експлозијата која вечерва се случи во Бејрут, изјави за CNN медицинска сестра која е на должност.

Околу тежината на повредите таа не сакаше да зборува бидејќи станува збор за голем број на лица и кај сите различна е состојбата.

Во експлозијата најмалку 10 лица загинаа.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Експлозијата беше почувствувана во соседниот остров Кипар, оддалечен околу 240 километри – или околу 150 милји – од Либан, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

„Добивме голем број извештаи од Кипар, кои се чини дека се поврзани со оваа експлозија, известувајќи бучава и тресече на прозорци“, објави на Твитер Европскиот сеизмолошки центар.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Неколку корисници на социјални медиуми, исто така, напишаа на Твитер дека ја чувствувале експлозијата во нивните домови на Кипар.

Министерот за надворешни работи на Кипар, Никос Христодулид, исто така, објави дека е во „комуникација со либанската влада и информираше за непосредната подготвеност на Кипар да му помогне на Либан“.