Најмалку 50 лица се повредени во експлозија што се случила во училиште во западниот дел на Кабул, а најголем дел од повредените се ученици, соопштија болнички извори. Талибанските власти, пак, наведоа дека биле повредени околу 25 ученици.
Експлозијата се случила синоќа во областа Дашт-е Барчи, во близина на приватното училиште „Шам-е Хедајат“, во западниот дел на Кабул, пренесува порталот Afintl.
Според информациите од болничките извори, меѓу повредените има најголем број ученици.
