Нападнати пожарникари во Куманово, се огласи и градочалникот Димитриевски: Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најостро го осудува нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово.

„Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади.  Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност. Посакувам побрзо опоравување и враќање на работните задачи  на повредените лицa“, рече Димитриевски.