Нацев: Недозволиво е после три години да дознаваме дека ер-тракторите не биле сервисирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Деканот на Факултетот за детективи и криминалистика д-р Александар Нацев вечерва беше еден од трите гости во „Клик Плус“ на ТВ21.

Нацев зборуваше за актуелните случувања со пожарите во државата, и кажа дека е недозволиво да се остават несервисирани ер-тракторите во земјава.

„Ние ги земавме тие ер-трактори, со кои не само ние, туку гасевме пожари и во другите држави. И сега после три години кога ни се случуваат пожари, дознаваме дека не се сервисирани. Тоа не е дозволиво. Пожари имаме секоја година, еднаш да ги употребиме, ние сме во ќар“, рече Нацев.