Рускиот опозиционер Алексеј Навални денес се врати во Русија и слета на московскиот аеродром Шереметјево, откако неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаници и новинари, пренесуваат агенциите.
Неколку стотици приврзаници на Навални, на кои им се заканува апсење во Русија, го чекаа пред аеродромот во Внуково, но полицијата уапси неколкумина и им нареди на насобраните да се разотидат.
На аеродромот Шереметјево, припадниците на Федералната служба за извршување на казни на Русија го уапсија Алексеј Навални, осуден на условна казна, кој се наоѓа на списокот со барање од 29 декември 2020 година, за повеќе повреди на условна казна, се вели во соопштението на руската служба.
