НЕ МУ Е ЛАДНО: Момче од Загреб скокна во фонтана по победата на Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХРВАТИТЕ имаат причина да слават денеска. Во цела Хрватска се слави големата победа на Ватрени над бразилската репрезентација.

Цела Хрватска е на нозе и не ја кријат среќата поради минувањето на хрватската репрезентација во финалето. Загрепчанец и покрај студеното и дождливо време скокнал во Мандушевац.

Изгледа дека воопшто не му е студено со оглед на тоа дека е соблечен во маица и боксерки. На многумина им се допадна неговиот потег, па го бодреа и го охрабрија повторно да влезе во фонтаната, што младиот човек и го направи.

Плоштадот Бан Јосип Јелачиќ има навистина феноменална атмосфера. Цел плоштад пее „имаме шампиони“.