Интересен одговор имаше претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 кога го прашавме дали е задоволен од владеењето на правото.
„Не“, кусо истакна Пендаровски.
Потоа образложи во кој дел не е задоволен.
„Бев носител на прва изборна единица, и зборував цело време дека нема правда нема мир, и тоа беше главниот слога на таа Шарена револуција. Но ние ги разочаравме тие луѓе. И треба да ја превземе одговорноста.
Разговарав и со министерот Маричиќ и со вицепремиерот Николовски, и им велам дека во изминатите 30 години супер инфлација од документи. Но ни треба практична имплементација.
Тврдам со години, дека не сме на ова дереџе не затоа што немаме добри закони, туку затоа што законот за за некого важи, за некого воопшто не важи. Тоа е нашиот проблем.“, рече Пендаровски.
