(Не)правдата во Македонија во 2022 година – Мијалков уште во 2018 рече дека затворот е за некој друг?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како никогаш досега во 30 години независност довербата во судството на рекордно ниско ниво. Само 4% од граѓаните веруваат во правосудниот систем и владеењето на правото.

Ова можеби се должи на тоа што судските предмети на „моќните“ не се процесираат, туку се одолговлекуваат.

Случаите на поранешното Специјално обвинителство не можат да добијат судски епилог, па поради тоа застаруваат. Гаврил Бубевски, еден од поранешните специјални обвинители, се чувствува разочаран што правдата не е задоволена.

Настан кој ја разбранува јавноста во последниве денови од годината, беше укинувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од страна на Апелациониот суд.
Во овој случај екс-шефот на УБК, Мијалков е осуден на 12 години затвор за незаконско прислушување.

Мијалков нема да ја служи казната ниту за „Титаник 2“, бидејќи предметот е вратен од почеток.

Се чини дека Мијалков знаел дека ќе дојде до ова, бидејќи уште во 2018 година рече дека затворот не е за него.

Од вкупно 26 предмети на поранешното СЈО, Мијалков е обвинет во четири, а речиси во сите за злоупотреба на службената положба и примање награда за противзаконито влијание.

Од друга страна, случаите во кои животот го загубија многу луѓе, како Модуларната болница во Тетово, несреќата со автобус на „Беса Транс“, несреќата кај Ласкарци, сѐ уште ја чекаат, веќе задоцнетата правда.