Секојдневно користење на туш кабината остава флеки по плочките и по ѕидовите на кабината. Секој би сакал да има чиста туш кабина, иако е секогаш тоа тешко особено доколку водата е „тврда“ како во нашата земја.
Затоа стручњаците имаат предлог како да се исчисти. Вратата на туш кабината може да ја исчистите со мачкање на лимоново маслов. Нема да ви треба голема количина, а водата само ќе се „лизга“ низ заштитеното стакло.
Доколку имате големо купатило, може да воведете уште еден новитет. После секое туширање исчистете го вишокот на вода. Потребно е малку да се направи, а туш кабината секогаш ќе ви биде чиста.
