До крајот на годината е невозможно да се зголемат платите на здравствените работници, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Тој додаде дека поради големиот буџетски дефицит такво нешто е невозможно.
Намалувањето на буџетот за здравство е направено затоа што приоритет е покривање на минатите обврски, изјави министерката за финансии, Гордана Димитровска Кочоска. Според неа, ребалансот на буџетот во суштина е одобрување на средства кои не биле предвидени.
Инаку, додека проблемот со хируршките сали, кои работат делумно, се уште не е решен,
пропадна и тендерот за набавка на компресори, бидејќи не се пријави ниту една фирма. Министерот Таравари најави дека општите служби во клиничкиот центар се во долгови и додаде дека ќе побара од Владата во иднина министерството да го објави овој тендер.
