„Немаше пари во буџетот за петтиот сет мерки и требаше да кажат, а не да прават циркус“, вели Николоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше за блокадата во Собранието, и за петтиот сет на мерки истакна дека власта манипулирала со изјави, и дека власта обвинувајќи ги пратениците на опозицијата, сакала да покаже, како што вели Николоски, „друга слика на ситуацијата“.

„Не е така за петиот сет мерки. Политиката стана брза, се читаат само наслови во медиумите, и тука успеа власта да продаде приказна дека е продаден пакето мерки. На 17 февруари го одобри, и на крај на февруари да може да се исплатат. После два дена беше донесен во Собрание, претседателот го стави на дневен ред не одма, туку на 24 март. Првпат кога можевме да интервениравме, имаше седница за пратенички прашања. И тогаш кажавме да не оди седница на пратенички прашања, туку да расправаме за тој закон и да го донесеме. Помина на комисија за финансирање и буџет, наместо да биде ставен, Талат Џаери бараше да биде преведен. Џафери зборува македонски јазик. Тој знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ не се сложува за закони од 36. седница. Меѓутоа проблем за петтиот пакет мерки беше издавањето на еврообврзницата. Власта немаше пари, и чекаше да се издаде обврзницата, да влезат парите во буџетот. Теоретски ако испаднеше, на 1 март ќе требаше да ги исплатат парите, па немаше пари. Но, наместо да кажат искрено и реално, тие направија непотребен циркус“, рече Николоски.