Нервоза во ДУИ! Огнените се изгасија, но се уште чади – Муса Џафери и Блерим Беџети инсистираат да бидат носители во ИЕ1 и ИЕ5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу калкулации за формулирање на изборни листи во пресрет на парламентарните избори на 8 мај. Во Демократската унија за интеграција се прават анализи и анкети кој и која листа треба да ги води. Според извори на ТВ21, Муса Џафери преферира да биде носител на листата во изборната зона 5 бидејќи е убеден дека има поддршка и може да ја обедини ДУИ во оваа зона и да добие најмалку тројца пратеници. Сепак, зоната 5 може да се искомплицира ако ДУИ оди заедно на една листа со АА на Зијадин Села.

Слична ситуација има и во зона 1, каде носител на листата претендира да биде Блерим Беџети. Во ДУИ има дилеми дали Талат Џафери би бил прифатлив како носител на листата во зона 1. Според извори, ДУИ во оваа област прави се за да добие подобри резултати во споредба со Изет Меџити. И во оваа зона се зборува дека дури и Аднан Исмаили може да се најде на списокот за да привлече потенцијални гласачи на Демократското движење. ТВ21 се обиде да искомуницира со Муса Џафери но тој не одговори. Разговаравме со Блерим Беџети.

Беџети: Се уште е рано, тоа е внатрешен процес. ДУИ во своите органи ќе одлучи во потребното време, наскоро и за овие прашања, и кога ќе биде официјално секако дека јавноста ќе бие информирана.
-Вие лично дали го барате тој дел? Да бидете носител на листа во ИЕ1?
Беџети: Јас лично никогаш не сум побарал ниедна позиција.

Коментирајќи ги овие анализи во ДУИ, лидерот на ДД, Изет Меџити вели дека Интегративците имаат проблеми бидејќи сите сакаат да бидат дел од листите за да си го зачуваат имунитетот.

-Имаат многу проблеми, бидејќи сите сакаат да бидат на листа бидејќи им треба имунитет-вели Меџити.

Конечниот изглед на листите на ДУИ зависи од тоа како ќе одлучи АА на Села, дали ќе настапат сами или со ДУИ. За АА на Села одлуката не е лесна.

-Политичките калкулации секако ги има во секој политички субјект. Политички анализи има во секој партиски аналитички центар. Нормално, во овие ситуации, одлуките не се лесни. Сега ја имате и ситуацијата за претседател. Како што рече и колегата Лога, ние сме во ситуација да треба да избираме помеѓу поранешен противник кој сега го имаме како коалиционен партнер и нашиот поранешен претседател кој отстапи од политичкиот процес и си замина-вели Наим Бајрами.

Во однос на листата, Бајрами додаде дека во 5-та ИЕ сите се согласуваат процесот да го води нивниот партиски лидер Зијадин Села.

Но, какви планови има опозицијата? Дали Изет Меџити и Африм Гаши ќе бидат носители на листи во зоните 1 и 2? За Меџити оваа работа не е толку важна.

-Малку се важни. Кажавме, нас не обединува платформата, програмата, не обединува понудата и конкретните решенија за проблемите на граѓаните. Помалку важни се партиските бои, индивидуите и другите вредности-рече Меџити.

Во коалицијата ВРЕДИ, според пратеникот на АА, Халил Снопче има џентлменски договор. Во гостување во Клик плус, рече дека сите партии од коалицијата се очекува да бидат носители на некоја од изборните листи каде што ќе гласаат Албанците. Касами се очекува да биде носител во ИЕ6, Гаши во зона 2, Меџити во зона 1 а во зона 5 се очекува да биде претставникот на Таравари.