Никогаш не вежбајте на празен стомак, тоа може да предизвика многу несакани ефекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЕ ПОЧЕСТО се зборува за тренинзите на празен стомак, а многу фитнес ентузијасти веќе некое време го практикуваат. Имено, станува збор за тренинг пред самиот појадок. Прво се прави тренингот, па дури потоа на ред е храната. И додека од една страна тренинзите на празен стомак се исклучително ефикасни кога станува збор за согорување калории, експертите предупредуваат дека ваквиот начин на тренирање сепак би можел да има многу несакани последици, пишува Healthline.

Иако постојат истражувања кои поддржуваат вежбање на празен стомак, тоа не мора да значи дека се препорачува. Имено, кога вежбате на празен стомак, би можеле да потрошите вредни извори на енергија и да имате помала издржливост, додека ниското ниво на шеќер во крвта може да предизвика вртоглавица, мачнина или треперење. Во овој случај, може да дојде до сериозни повреди, особено ако вежбате со големи тежини.

Друга можност е вашето тело да се прилагоди на континуираното користење на енергетските резерви и да почне да складира повеќе масти од вообичаено, што би можело да значи дека наместо да слабеете, ќе почнете да добивате уште повеќе килограми.

Важно е да се нагласи дека не е толку страшно ако повремено вежбате на празен стомак, објаснуваат експертите. Но, тие не ја препорачуваат оваа навика кога се работи за напорни или долготрајни активности, бидејќи храната е најдоброто „гориво“ при изведување на вакви вежби.

Исто така, кинезиологот и професор Даглас Падон-Џонс истакна дека резултатите од вежбањето ќе бидат многу полоши ако сте гладни. Имено, ќе имате многу помалку енергија и со тоа нема да можете да го одработите тренингот со полн потенцијал и интензитет. Дури и само мала количина на храна може многу да ви помогне да го извлечете максимумот од вежбањето без да останете без многу потребната енергија.