Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Николоски ги коментираше односите на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот Пендаровски.
„Односите меѓу ВМРО и Пендаровски би ги поделил во три фази: Првата е самиот избор, Пендаровски е прв претседател кој е признат и од власта и од опозицијата, што во една млада демоктратија, но не беше ценета кон ВМРО-ДПМНЕ. Но сметавме дека е чесно да имаме еден таков однос, но за жал тоа не беше ценето.
Втората фаза Пендаровски мораше да му врати на Заев за поддршката за претседател, и според наше мислење неуставно, а дефинитивно го додели мандатот. Мандатот се доделува на оној кој освоил мнозинство на изборите. 46 пратеници не се мнозинство, и тогаш ги замрзнавме односите.
И третата фаза 27 април, после четири години Пендаровски го кажа она што ВМРО-ДПМНЕ го кажува четири години, а тоа е дека ако има дополнителни докази, а ние сметаме дека има, тогаш треба да се повтори процесот“, изјави Николоски.
