Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и пратеник во Собранието Александар Николоски, се огласи по повод седницата која траеше повеќе од 20 часа. Тој истакна задоволство за големата битка на сите пратеници од опозицијата кои не дозволиле да помине овој закон.
„21 час непрекината битка во Собрание!
Власта НЕ УСПЕА да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГаМа. Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта НЕ МОЖЕ!
Честитки за големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата! ПРОДОЛЖУВАМЕ со борбата за ПРАВДА и БОРБА СО КРИМИНАЛОТ во Македонија!“, истакна Николоски.
