Вицепремиерот Љупчо Николовски, во „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека овој раст на бројката доволно кажува дека мерките мора да се почитуваат.
Исто така најави и некои нови мерки, иако рече дека е рано за полициски час. Николовски истакна дека е неодговорно преку ден да се зборува за рестриктивни мерки, а навечер да се протестира.
Веројатно Николовски алудира на протестите кои ги организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
