Нормализиран сообраќајот кај Бигорски манастир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 23:35ч. сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.

Во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир вечерва беа паднати три лавини, информираше градоначалникотна општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, изјави Куртовски.