Нов бран македонски државјани викендов на вакцина во Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во организација на Српскиот културен информативен центар „Спона“, за време на викендот – во сабота и недела, нова група од околу 800 граѓани на Северна Македонија ќе биде вакцинирана против Ковид-19 во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Врање – во Спорската Сала на булевар АВНОЈ, информираат од центарот.

Како и за претходните групи на вакцинирани граѓани од Северна Македонија, организирани преку центарот „Спона“, имунизацијата во Врање и овој пат е координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија.

Како што беше објавено претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ побара од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните од Северна Македонија во Србија.

На автопатот Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце, поставен е и билборд во организација на овој центар на кој пишува – „Благодарам Србијо“ – како благодарност за донациите на вакцине против Ковид 19 во Северна Македонија, како и можноста македонските граѓани да бидат вакцинирани во Србија.

Билборди за Денот на благодарноста претходно беа поставени и во Врање.

Со одлука на Владата на Северна Македонија, во знак на благодарност кон Србија за време на летната сезона, од 15 јуни до 15 август, српските државјани кои транзитираат низ оваа земја преку Коридор 10, ќе бидат ослободени од плаќање на патарина.