Нови пресуди за случајот со фалсификување пасоши – едно лице доби три години затвор, две лица со условна казна од една година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска Кривичниот суд во Скопје прогласи за виновни три лица, на кои им изрче пресуди во врска со случајот „Двојник“, за фалсификување на пасоши и документи.

Фарук Буки доби три години затвор, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условна казна во траење од една година.

Од обвинетите кои досега признаа вина, шест добија затворски казни од 1 година и 7 месеци, до 2 години и 7 месеци, додека едно лице доби условна казна.

Во случајот „Двојник“ обвинети се 11 лица, од кои 10 се вработени во МВР. 11-тото лице е посредник, а седуммина од нив признаа вина.

Тие се обвинети поради тоа што во период од 2017 до 2020 година издале 215 нелегални пасоши.